Во низата на моите омилени лепчиња, еве уште еден прекрасен предлог од мене.
Дегустаторите беа многу задоволни.

Во топлото млеко го ставаме квасецот, шеќерот, лажиче брашно и промешуваме.
Oставаме да се активира.
Потоа во вангличка ги соединуваме активираниот квасец, солта, растопениот путер и јајцето.
Постепено додаваме брашно и замесуваме средно меко, мазно тесто.
Го покриваме и оставаме да се дуплира тестото.
За тоа време го подготвуваме пестото од сув домат.
Во еден сад ставаме врела вода и ги додаваме сувите домати.
Нека одстојат 15 минути.
Потоа ги процедуваме, убаво да им излезе течноста.
Таа вода што ќе ја пуштат може да се искористи за чорба, некој сос....
Во чашата на нутрибулет ги ставаме измиената китка магдонос, исцедените домати, маслиново масло, растопен путер, сол, бибер.
По желба може да се додаде и некое ливче свеж босилек.
Пулсираме до изедначување на смесата.
Втасаното тесто го сучиме во правоаголна кора.
Цела кора ја премачкуваме со подготвеното песто.
По желба може да се нарони и бело сирење.
Сега кората ја сечеме на коцки.
Земаме по 3-4 коцки и соединуваме и исправени ги редиме во правоаголен калап за леб, кој е обложен со хартија.
Постапката е иста со целиот матерјал.
Го покриваме калапот со чиста крпа и оставаме лепчето околу 20 минути да втаса.
За тоа време ја загреваме рерната на 200 степени.
Го премачкуваме лепчето со остатокот на јајцето од тестото и наросуваме сусам.
Печиме околу 30-35 минути.
Испеченото лепче го покриваме со крпа 5 минути да одстои, потоа го вадиме од калапот и го ставаме на решетка.
Послужуваме.

П.С
јас често користам најголеми јајца, затоа и вака пишувам.
До колку користите помали јајца(м) нека оди цело јајце во тестото и едно јајце нека биде за премачкување на лепчето. Значи тогаш ви требаат 2 јајца.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани