Слатко, меко, миризливо лепче, со прекрасна структура на тестото.

Во 100 мл млеко ставаме лажиче шеќер, квасец, лажиче брашно,
Промешуваме и оставаме да се активира.
Потоа во нутрибулет ги ставаме 100 мл млеко и варениот батат, и ги миксаме.
Потоа во вангличка ги соединуваме активарниот квасец, измиксаниот батат, остатокот од шеќер, растопениот путер, некое зрно сол, циметот и оревче.
Промешуваме со вилушка и постено додаваме брашно и месиме со рака.
Замесеното тесто го ставаме во вангличка и го покриваме.
Го оставаме да се дуплира.
Потоа тестото го расукуваме во правоаголна кора.
Во еден сад ги соединуваме мармаладот, растопениот путер, лешниците, циметот.
Со овој сладок крем ја премачкуваме кората.
Ја сечеме на коцки.
Ги редиме коцките една до друга вертикално во долгнавест калап за леб, кој е обложен со хартија за печење.
Го покриваме со крпа и оставаме да кисни 20 минути.
Потоа го печиме во загреана рерна на 200 с околу 30 минути.
Го вадиме на решетка да се подизлади, па нежно посипуваме шеќер во прав.
По желба сечеме со нож и послужуваме или ги оделуваме со рака слатките парченца и дегустираме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани