Сестра ми ми даде еден прекрасен рецепт. Вкусен и верувам дека ќе ви се допадне.Од горе наведените состојки замесувате тесто.
Убаво месеното тесто го префрлате во друг сад кој е премачкан со маслиново масло. Покриваме и оставаме да се дуплира.
Откако е готово тестото го делиме на 5 топчиња.
Секое топчего растегнуваме во кора која ја премачкуваме со растопен путер.
Врз растопениот путер го премачкуваме крем сирењето.
Редиме сланина па рендаме тврдо сирење насекаде по кората.
Попрскуваме црн бибер и оригано, па ја виткаме кората во вид на ролат.
Така ја повторуваме постапката на сите 5 топчиња.
Готови ги редимена хартија за печење, ги засекуваме на парчиња онолку колку сакаме да бидат големи.
Ги премачкуваме со јаце матено и  попрскуваме со црн кумин.
Оставаме да стасаат усте 15 мин, печеме во загреана рерна додека не заруменат.
Штом го вадиме тавчето од рерна го премачкуваме уште еднаш со растопен путер.
Нека одморат така уште 10 минути и служете ги.
На здравје да ви се.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови