Пригответе ја маринадата.
Доколку користите млад кромид исечкајте го ситно, а исто така и магдоносот. Доколку пак користите главица можи ситно да ја исечкате и неа или да ја изрендате. Лукчето поминете го низ преса или истолчете го. Додајте ги зачините, убаво измешајте, па ставете ги тиквичките и мешајте повремено додека се загрее рерната која тогаш ќе ја вклучите на 200С.

Кога ќе се загрее рерната, наредете ги тиквичките во огноотпорна тава или плех и печете ги околу 25 минути.

Кога се готови, испасирајте го лукот или ставете во прав и измешајте го со јогуртот или киселото млеко, па додадете сол колку сметете дека сакате.

Наредете ги тиквичките скалесто на рамна чинија и прелијте ги со преливот.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови