Американски палачинки - Drop scones
Овој рецепт е од мојата сестра. Тоа е првиот рецепт кој го научила на курсот по готвење во Англија. Еве да ви го преставам и вам.
Брашното, солта и шеќерот се мешаат.
Јајцето се додава и се промешува со дрвена лажица.
Се додава млекото лажица по лажица се додека не се добие една убава густа смеса.
Се меша околу 2-3 минути.
Тавата во која ќе се пржат палачинките треба да е напрскана со масло.
Со лажица се ставаат палачинките на тавата.
Отприлика треба да се големи колку две палачинки да собере во тавчето.
( видете на сликата )
Откако ќе ставите од смесата во тавата, веднаш на горната страна попрскајте суво грозје или брусница.
Откако е печена од доле превртете ја палачинката и од другата страна да се испече.
Служете со мед,мармалад или па ваша желба.
На здравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Фала ви за советот :)