Роденденски, вкусни, декоративни и омилени на децата.
Се матат најпрво јајцата со шеќерот до густина,потоа се додаваат сите состојки (освен мармаладот и 3 лажици млеко).
Се става во округло тавче бр.28. Се печи на 200С-25мин. Се добива убаво високо тесто. Се лади и потоа се дроби. Се додава мармаладот и млекото. Ако е суво може да се додаде млеко. Во оригиналниот рецепт е со нутела.
Јас ги направив за роденденот од внукот со нутела, а за мојата ќерка со кајсии мармалад. Се прават топчиња. Се замрзнуваат. Се макаат стапчињата во стопено чоколадо и се прободуваат. Се оставаат да се стегне чоколадото. Потоа се глазираат.
ПС.Слики ставив и од двата родендена- од Петар внукот и Емилија ќерката.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани