Љутица
Пиперките се печат, лупат и се цепкаат на поситни парчиња.
Доматите се лупат, се сечат на парчиња и се ставаат во шерпа да вријат. За лутица најубаво е да се користат домати-јабучари затоа што се помеснати-погусти.
Доматите вријат се додека не се преполови течноста. Се додава половина литар зејтин и една рака шеќер и се пржи уште 15 минути. Кон вриените домати се истура и другиот зејтин и пиперките и се пржи уште 60-90 минути додека убаво се спои целата маса. Се додава магдоносотм, оцетот, шеќер и сол.Кој сака може да стави и сенф ама и не мора. Јас го ставив во замена за лукот.
Се собира врела во врели тегли.
Овој рецепт го посветувам на мојата мајка која ја прави најубавата љутица која во оригинал звучи вака-пипер одприлика 15-20 до 25 кг,патлиџан да се наполни шерпата до пола да има и кај да врие и кога ќе стаса на 1/3 тогаш се става пиперот.Зејтин мора да има треба да се пржи стави 1л може и 1,5л и на крај да ја пресечеш со оцет и шеќер повише да не кисели патлиџанот,лукче,магдоносче и готова е.Вистинската љутица е со цепкани пиперки затоа цепкај ги не ги сецкај со нож се губи сласта на пиперот.
Лиценца: Сите права се задржани