Јаболков кекс колач
Едноставен за подготовка, со вкус кој верувам дека ќе ве освои на прв залак. Ред бисквити со путер, ред фил од јаболка со ореви и цимет, ред пандишпан, спој од состојки кои нема да ве остават рамнодушни.
Подготовката е брза и на едноставен начин.
1. Прво го топиме путерот и го истураме во тавата во која ќе печеме. И од страните премачкуваме со путерот. Врз него ги редиме бисквитите. Потоа рамномерно го нанесуваме филот од јаболка. Јаболката ги лупиме и рендаме на покрупната страна од рендето. Додаваме цимет и мелени ореви - соединуваме.
2. Врз филот од јаболка се става смесата за пандишпан. Прво ги миксираме јајцата со постепено додавање на шеќерот и ванилата до нивно згуснување, па на крај го додаваме брашното претходно соединето со пецивото. Кратко миксираме или соединуваме со рачна маталка.
3. Колачот се пече во загреана рерна на 180 степени, па откако ќе почне да добива боја намалуваме на 150 степени (проверуваме со чачкалица). Испечениот колач нека олади, па го превртуваме врз дискус, а одозгора посипуваме шеќер во прав.
Забелешка - Доколку користите кисели јаболка (или не доволно благи) тогаш кај нив додадете неколку лажици шеќер. Може да се користи тавче со димензии 20х30 см или како моето во случајов со димензии 22х22 см.
На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани