9
јун
2020
Шпагети со сос од пилешко со павлака
Вакви шпагети им подготвувам на моите деца и многу ги сакаат.
Во зовриена и подсолена вода ставете шпагети да се варат. Сварете ги и исцедете.
Во тава за пржење ставете кромид сечен на коцки. Нека се запржи до златна боја, додајте стек сечен на коцки, пржете додека стекот не се подпржи.
Во павлаката додајте брашно и еден филџан вода, измешајте и истурете кај стекот. Варете околу 10 минути. На крај подсолете, додајте бибер и сув зеленчук, ставете лукче и магдонос.
Шпагетите сервирајте ги во чинија и ставете од сосот.
Добар апетит!
Лиценца: Сите права се задржани