28
мар
2012
Шведска тава со пилешки стек
Пилешкиот стек го сецкаме на парчиња и го пржиме со 1 лажица маргарин. Додаваме сол, пипер и мајцина душица. Свинскиот врат го сецкаме на парчиња и го пржиме во посебно тавце со 1 лажица маргарин, се додаваат печурките и откако ќе се испржат се додава сецканиот кроимид и се заедно се пржи. Во тавата се додава пилешкиот стек, коцката за супа и се дотурва вода да повари малку. Морковите и компирите(претходно сварени) ги пасираме и им го додаваме кашкавалот и млекото. Мешаме со миксер се додека се убаво не се соедини како пире. Во тепсија се става половина од пирето над него се става месото и најгоре останатото пире и се печи.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови