1. Во тенџере се става 400мл вода или млеко и 3 лажици шеќ ер да зоврие
2. На страна во сад го истураме прашокот за пудинг од чоколада и додаваме 100мл млеко или вода.
3. Кога ќе зоврие водара или млекото во тенџерето се додава смесата од прашок за пудинг и вода или млеко и додаваме и 10 гр желатин.
4. Мешаме енергично додека се згусне пудингот.
5. Земаме 5 чаши и во сите сипуваме по малку од пудингот да зафати една третина од чашата.
6. Додаваме 30гр кокос
7. Истата постапка ја повторуваме и со пудингот од ванила.
8. Врз пудингот од чоколада внимателно сипуваме пудинг од ванила да не се измешаат и додаваме 30 гр кокос во чашите.
9. Се подготвува и пудингот од јагода и внимателно се истура врз пудингот од ванила.
10. Се остава да се олади
11. Потоа се остава во фрижидер 2 до 3 часа .

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови