9
апр
2012
Чорба од грав
Гравот се мие и се става да се вари. Морковите и кромидот ги рендаме и кога гравот ќе проврие ги додаваме да се варат. Кога убаво ќе се сварат се пасираат. Брашното се запржува со малку масло, се посолува и се додава во чорбата. Кога чорбата ќе зоврие се трга од оган се додава бибер и малку магдонос. Се служи топла.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови