Месото исечете го на коцки со големина на главичките кромид (гледајте да се мали, со големина на орев). Ставете го во земјена тава со капак, наредете го со исчистениот кромид, цели чешнина лук, сувите сливи, зачинете по вкус, наместо сол може и мешан сув зачин, турете го виното и маслото. Покријте го со капак и ставете го садот во загреана рерна на 170 степени да се пече. Времето на печење е отприлика 2-3 саати. Треба убаво да искрчка, мевцето да биде меко. На здравје!
Се извинувам за фотографијата, не е добра, ама беше сликано во лоши услови, а потоа веќе немаше што да се слика.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани