ЧОКО ГРИЗ
Прво го подготвуваме гризот.Во тава со средна големина го пржиме гризот со зејтинот.Кога малку ќе зарумени се додава шеќерот се пропржува 1 минута и се додава водата.Се остава да проврие околу 5 минути и се остава на страна да се лади убаво израмнето.
Подготовка на филот
Во тенгере се зовриваат водата шеќерот чоколадото и какаото.Кога ќе се добие убава хомогена смеса се трга на страна да се олади.На страна се матат маргаринот и шеќерот во прав пенесто.Кога ќе се олади чоколадната смеса се спојува со чоколадната се мати со миксер да се соедини.
Оладениот гриз се филува одозгора со подготвениот фил.
Кога ќе биде убаво оладено се сече на коцки и се служи
Децата посебно ќе уживаат во овој десерт.
Ви се допаѓа овој рецепт? Гласајте за него со кликање ТУКА на Изборот за Најромантичен рецепт за двајца, кој МоиРецепти го организира на Фејсбук.
Гласањето трае до 16 часот, 14.02.2012
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови