Подготовките бараат многу трпение, но резултатот ќе ви остави голем впечаток.
Испржете ги лешниците во плех додека добро не позлатат.
Во тенџере на пареа стопете го шеќерот,без мешање, со ротирање.
На карамелот ги додаваме лешниците и мешаме брзо.
Потоа ставете ги на силиконска подлога и разделете ги со чепкалка. (побрзо)
Ќе добиете преубави карамелизирани лешници.
Откако ќе изладат со кујнски нож исецкајте.( Во зависност колкави сакате)
Здробете ги наполитанките, додајте ги лешниците, стопете ја млечната чоколада и мешајте да добиете компактна смеса.
Стопете ја темната и во комбинација на другите состојки се меша добро.
Помеѓу два листа хартија се прелива смесата, се сука дебелина 5мм. Ќе се зацврсти на собна температура. (околу 2 часа)
Во тенџере го вариме шеќерот со водата, да добиеме шеќерен сируп.
Жолчките ги матиме со миксер додека не станат меки и светли.
Им се додава шеќерниот сируп и се мати додека смесата целосно не олади.
Измешајте го путерот со жолчите да добиете крем.
Растопете ја чоколадата и додајте ја во смесата.
За вториот чоколаден крем потребно е од белките и шеќерот да добиеме цврст снег.
Ги додаваме трите вида брашно.
Се топи чоколадата и се остава малу да се излади.
Се додава на смесата од брашното и белките.
Во плехна хартијата обелешете ја големината на срцето и со помош на прскалка се формираат срциња.
Се печат на 180степени 10 мин.
Печени, покријте ги да не се исушат.
Со калап за срце, од чоколадната плочка ги ваѓаме и претставуваат основа за нашиот десерт.
Оставете ги 30мин во фрижидер да се изладат.
Декорација
Ставаме чоколадна плочка во форма на срце, ставаме од чоколадниот крем па од печените срциња па пак од чоколадниот крем, па чоколадна плочка.
Декорирајте со сезонско овошје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови