Чоколадни бомбици со пикантен вкус кои ќе ве остават без здив. Мексиканците уживаат во комбинацијата на чили со чоколадо, а и мене како љубител на луто многу ми се допаѓа лутиот чоколаден вкус чиј интензитет овде секако може да се прилагодува. Оревите и гоџи бобиците исто така даваат придонес во целокупната приказна.

1. Темното чоколадо се ренда на ситно, оревите се мелат, гоџи бери бобиците се сечкаат во сецко и сето се става во длабок сад.
2. На овие состојки им се додава шеќерот во прав, маргаринот или путерот кој бил на собна температура, чилито во прав (или лут црвен пипер), сето се меша со рака и се прават бомбици.
3. Се оставаат во фрижидер да се стегнат, а потоа се полеваат со глазурата од темно чоколадо и масло стопено на пареа. Пак се оставаат да се стегне чоколадната глазурата. Се топи белото чоколадо на пареа, се додава црвената боја и кога ќе подизлади со најлонска кеса се декорираат бомбиците.

Од оваа количина излегуваат 24-25 бомбици. За малку поекстремен пикантен вкус, додадете си чили во прав и во чоколадната глазура.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани