Мојот омилен десерт во малку поразлична варијанта, па уште во комбинација со крем од лешник, не верувам дека ќе одбиете.

Во сад го замешуваме брашното, какаото, шеќерот и ванилиниот шеќер.
Постепено го додаваме млекотот, мешајки да не ни се направат грутки.
Го додаваме путерот и изматените јајца, со мaталка мешаме додека не добиеме смеса спремна за печење палачинки.
Најдобро е смесата за палачинки да отстои во фрижидер најмалку неколку часа пред да се употребува. Бидејќи кај нас едвај се чекаат, смесата ја оставам барем најмалку еден час.

Ја земаме тавата за палачинки од делимано и ја ставаме на оган прво да се загрее, ја намачкуваме со масло и ги печеме една по една.

За филот слатката павлака ја матиме во шлаг, додаваме кремот од млеко, какао и лешник на Винчини и кратко матиме со мискер за да се соединат состојките.

Ги мачкаме палачинките ги виткаме и ги оставаме во фрижидер за филот да може да се стегне. Ги сечеме на помали парчиња како ролат и сервираме.

Забелешка
Со оваа количина смеса излегуваат 10 палачинки.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови