На цедалка извадете ги половинките од компотот нека се цедат.
- Одделете ги жолчките и белките.
- Белките изматете ги во цврст снег.
- Со шеќерот жолчките пенесто изматете ги, додајте го маслото и водата и измешајте. Потоа додадете го брашното измешано со пецивото, ванилата, какаото, циметот и ѓумбирот, измешајте, а потоа во нив сматените белките и внимателно со шпатула измешајте.
- Добиената смеса истурете во тавка со димензии од 25х35 обложена со хартија за печење, печете во претходно загреана рерна на 180 степени околу 15 мин. печено извадете и оставете да олади.
Фил - мус
- Чоколадото искршете го на поситни парчиња и стопете го на пареа. Водете сметка да садот во кој што ке го топите чоколадото не се допира со водата, чоколадото ќе ви се згрутчи.
- Одвојте ги белките од жолчките во посебни садови.
- Белката изработете ја со 80 гр. шеќер и прстофат сол во цврст беланец.
- Сматете ја и слатката павлака.
- Жолчките сматете ги со 2 лажици врела вода и остатокот од шеќерот - 20 гр. додадете ја и ванилата. Ставете го садот над пареа и матете околу 5 минути додека не се направи кремаста смеса. Не смеете да дозволите да ви се свари жолчката.

Кога сето ова сте го направиле, сега следува мешањето на смесите
- Во садот со жолчките додадете ја стопеното чоколадо и мешајте да стане еднолична смеса.
- Додадете ја сматената слатка павлака и лесно измешајте.
- Сега на крај се додава белката која внимателно ја вмешувате во добиената предходна смеса. Не ја мешајте смесата со кружно мешање туку со жицата префрлувајте ја од едната на другата страна. Ова е потребно за да ви остане пенеста и воздушеста кремата.
Оформување
- Оладената кора исечете ја на димензии од калапот (кај мене е 30х11х7 см.) кој ќе го обложите со хартија за печење. Ставете ја едната лента од пандишпанот, ставете од филот, ставете ја втората лента одозгора. Врз неа наредете ги половинките од компотот (праска или кајсија). Врз нив ставете го остатокот од филот, ставете во фрижидер да се лади околу 2 часа.
- Залијте со чоколадна глазура која вие ја обожавате. Јас за ваков тип на колачи секогаш ја спремам Огледало глазурата - 2 која за која рецептот го имам поставено овде. Го имам поставено со помошни фотографии за начинот на изработката и Мусот од чоколадо - можете да погледнете.

Колачот се убаво сече откако навистина ќе биде добро оладен. Кај мене малку неуреден затоа што после 1 час ладење се сечеше. Колачот е вкусен, пенест, за чокољупците солидна комбинација од состојки. Посебно ќе го издвојам овде вкусот на пандишпанот кој заедно со филот го прават вкупниот впечаток за вкусот на овој колач.