Подготовка

1. Мелените колачиња ги мешаме со путерот и ги натапкуваме на дното од калап за чизкејк (20цм). Оставаме во фрижидер.
2. Желатинот го мешаме со млекото и оставаме да набабри.
3. Сите видови чоколадо ги топиме во посебен сад.
4. Слатката павлака кратко ја матиме (не целосно, да биде полу течна).
5. Киселата павлака ја матиме со кондензираното млеко.
6. Го растопуваме желатинот во микро и го додаваме во смесата со кисела павлака и кондезирано млеко. Ја додаваме и полу-изматената слатка павлака. Матиме добро уште еднаш, а потоа смесата ја делиме на три еднакви делови. Во секој сад додаваме по еден вид стопено чоколадо и матиме добро со чисти маталки во секој сад (да не се измешаат боите). Во филот со темно чоколадо, зависно од бојата на смесата додаваме и какао.
7. Го вадиме калапот од фрижидер и го полниме напоредно со сите три фила. Прво три лажици од белиот фил се ставаат во центарот на калапот, потоа врз белиот фил се додава од филот со млечно чоколадо, исто така во центарот, и на крај филот со темно чоколадо. Ја повторуваме постапката додека имаме фил. Доколку почне да се згуснува филот може да се загрее кратко во микро. Потребно е да биде густ, но течен.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани