Ако сакате да се разгалите со меки, слатки, ролнички кои се топат в уста со арома на цимет, ванила и путер, тогаш ова е рецептот за вас. Никогаш не сум правела ролни со цимет, иако сум циметџија, јас сум единствената во мојот дом која обожава цимет, така што ретко си давам слатки задоволства според мојот вкус. Иако ми е чудно, но има луѓе кои воопшто не сакаат цимет. Заменете го циметот со какао или рогач во прав или едноставно со арома на ванила, ако сте еден од тие луѓе.

Подготовка

1. Измешајте го половина брашно и сувиот квасец во сад.

2. Во тенџере ставете го млекото, шеќерот и путерот и растопете ги на рингла со постојано мешање, за да стане млако. Додадете ја оваа смеса во брашното и матете со миксер со додатоците за тесто. Кога смесата ќе се соедини, додадете 3 јајца на собна температура, едно по едно.

3. Додадете го преостанатото брашно во претходно замесеното тесто и мешајте додека тестото не стане мазно. Извадете го тестото од садот и измесете го со рака на тврда површина. Префрлете го тестото во поголем сад, покријте го со крпа и оставете го околу 90 минути на топло место да нарасне.

4. За филот, измешајте го кафеавиот шеќер, циметот и омекнатиот путер во сад. Смесата треба да биде таква, за да може убаво да се нанесе на тестото. Со сукало развлечете правоаголно тесто со дебелина од 1 см. Премачкајте го со претходно направениот фил од едниот до другиот раб и завиткајте го како ролат без многу да притискате.

5. Исечете полжави дебели 2-3 см и наредете ги во плех (хартијата за печење е по желба ако ви е леплив плехот) и оставете ги повторно да пораснат околу 30-60 минути. Печете во загреана рерна 25-30 минути, на 190 степени.

6. Направете ја глазурата од 60 гр шеќер во прав, во која постепено се додава млеко додека не стане густа течност. Додадете го стопениот путер и измешајте. Додадете екстракт од ванила. Полејте го топлите полжави со оваа глазура после печење. Оставете малку да се изладат, па послужете ги додека ролничките се уште топли.

*Напомена-јас направив половина доза, и ги печев во мала стаклена касерола.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови