Маргаринот пенасто изматете го со шеќерот и јајцата. Додајте ги останатите состојки и замесете средно меко тесто. Тестото оставете го 30 мин. во фрижидер.
Од тестото кинете топчиња и со рака издолежете ги малку или по ваша желба. Потоа малку втиснувајте ги во рендето (од страната на најситното), ставјте ги во намастен плех, по малку оставајте место.
Печете ги во загреана рерна на 200 степени околу 20 мин. Додека малку заруменат.

Оставете ги да се изладат.
За тоа време во теџере ставете ги водата и шеќерот да зовријат,потоа ставете го лимонот исечен на кругови,нека врие уште 5-10 мин. Ладните колачи попарете ги со врел шербет. Оставете ги да се оладат и да го впијат шербетот околу 1 час, потоа послужете ги.
Мене од оваа доза ми излегоа околу 24 средни хурмашици.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови