Фритули со печена тиква и брусница
Фритули со златна боја, крцкави од надвор, а внатре меки, миризливи, прекрасни
Во една вангличка ставете ги сите состојки, додадете ја печената и пасирана тиква и се убаво промешајте со дрвена лажица за да се изедначи смесата.
Јас додадов и половина лажиче ракија.
Се покрива садот со чиста крпа и нека одстои смесата еден час на топло.
Потоа се става маслото да се загрее на умерен оган.
Со помош на намрсено лажиче се зема од смесата и се пуштаат во маслото да се пржат се додека не заруменат ( 2-3 минути).
Се редат на хартиени салфети, за да впијаат маснотија доколку ја има.
Се сервираат по желба, со мед, маџун, шеќер во прав.....
Напомена- доколку се користи варена тиква, оставете ја 30 минути во цедалка да се отстрани течноста ако ја има.
Лиценца: Сите права се задржани