Идеални, совршени, прекрасни! Подолго време планирав да се пробам со овие уштипци откако ги пробав во еден ресторан во Битола. И навистина мислам дека вкусот е скоро ист како нивниот. Од оваа доза излегуваат околу 25-30 уштипци.

Подготовка:

1. Прво изрендајте ги тиквичките и ставете ги во крпа. Цедете ги повремено, а дел од водата од цедењето зачувајте, ќе ви треба подоцна.
2. Брашното, пецивото, јајцето и киселото млеко измешајте ги убаво, Додадете околу 50 мл од водата од тиквичките. Додадете ги и ренданите тиквиња и убаво измешајте. Додадете уште малку вода ако е смесата прегуста, но имајте во предвид дека ќе се разреди уште малку по некое време.
3. Потоа загрејте поголема количина на масло или ако имате фритеза уште подобро. Со помош на лажица вадете од смесата и полека спуштајте ја содржината во загреанато масло. Пржете на умерена температура, додека убаво не поруменат од двете страни.
4. Готовите уштипци вадете ги на хартија. Комбинирајте со намаз од лук.
На здравје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови