Уштипци од морков и грашок
Интересни и вкусни...
Прво, компирот излупете го, па сечете го на мали парченца, налејте го со вода и ставете да се вари на средна температура. Морковот исто се чисти, се сечи на кругови со дебелина од околу 1цм, се налева во вода и тој се става да се вари. Исто така го ставате и замрзнатиот грашок да се вари.
Откако се готови, ги прецадувате од вода и преминувате на подготовка на смесата.
Благодарение на делимано рачниот блендер 3 во 1, мене целата постапка ми одеше брзо. Прво во сечкото го ситнете кромидот, па го ставате во тенџерето каде што ви се наоѓа компирот. На таа смеса додавате, едно јајце, зачинувате по вкус и со помош на блендерот ја блендирате целата смеса. Откако се е измешано, во смесата додавате две до три лажици лебни трошки и околу 4 лажици брашно и скоро половина пакетче од прашокот за печиво.
Оваа смеса ја делите на два дела. Во едниот дел, ги ставате претходно сварените и испасирани моркови, а во другиот дел, сварениот и испасиран грашок.
По потреба додавате брашно и во едната и во другата смеса, се додека не добиете леплива смеса.
На загреано масло, со помош на две лажици земате од смесите и ги пржите уштипците, додека не заруменат.
Откако се готови ги ставате на салфета за да се исцедат.
Забелешка- моите уштипци јас ги правев поедниечно, на сликата се претставени и двата вида за да се види разликата во боите. Интересна идеја е и доколку земете прво малку од смесата со морков, па од смесата со грашок и така ги пржите заедно, за да дојдат како шарени.
Од оваа смеса мене ми испаднаа околку 30тина парчиња.
На здравје!.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови