Торта со суви сливи, вишновка, ореви
Вишновката малку ја загреваме и ги потопуваме сувите сливи. Оставаме неколку часа да стојат.(јас ги оставив преку ноќ)
Сега во една касерола на тивок оган ги растопуваме путерот, шеќерот, чоколадото. Кога е малку подизладено ги додаваме мелените ореви, мелените пијани црни сливи( јас ги мелев во нутрибулет, шеќерот со вкус на портокал.
Сега во еден сад ги делиме белките, а жолчките ги ставме во претходниот состав кај сливите.
Промешуваме за да се изедначи смесата. Од белките матиме цврст снег.
Со лесни движења лажица по лажица ги соединуваме двете смеси.
Добиениот состав го истураме во калап бр 24 кој е обложен со хартија за печење. Печиме околу 35 минути, на 180 степени. Испечената торта ја ставаме на решетка малку нека се подизлади и ја тргаме хартијата.
Сега во една касерола на многу тивок оган ги топиме слатката павлака, чоколадото, и онаа вишновка што ни остана. Со овој прелив ја преливаме цела торта. Нежно ја декорираме.
Мене ми е многу вкусна додека сосема не е изладена, многу убаво се осеќа путерот, чоколадото.
Пожелно е да се излади барем 2 часа па да се послужи
Лиценца: Сите права се задржани