Торта со праски
1. Јајцата ги биеме со шеќерот. Во изматените јајца ги додаваме маслото, брашното и пецивото. Мешаме со дрвена лажица.
2. Смесата ја ставаме во караванче бр. 30. Печиме 15 минути на 180 степени. Оставаме да се излади.
3. Праските ги сецкаме на коцки. Ги распоредуваме врз тестото. Сокот кој ни истекол од праските додека ги сецкавме и него го тураме врз тестото.
4. Од литар млеко одвојуваме 100 мл во кои ги ставаме пудинзите, останатото млеко го ставаме на оган.
5. Кога млекото ќе биди заграно го додаваме претходно измешаното млеко со пудинзите и 10 лажици шеќер. Мешаме постојано додека не се добие хомогена смеса. Потоа оставаме да се излади.
6. Во еден сад го биеме маргаринот. Во него ги додаваме пудинзите и биеме додека да добиеме хомогена смеса.
7. Врз праските го ставаме филот. Украсуваме со шлаг.
Лиценца: Сите права се задржани