Оваа е мојата торта од детството и е многу мнооооогу вкусна.

Правиме пандишпан од 7 јајца, 7 лажици шеќер, 14 лажици мелени ораси и 2 лажици брашно. Додека се пече пандишпанот го спремаме филот за тортата.
Во 1/2 литар млеко ставаме 10 лажици шеќер и два пудинга и правиме пудинг од состојките. На страна матиме 1 маргарин со 4 жолчки долго. Откако ќе се олади пудингот го додаваме во него изматениот маргарин и жолчки и готов ни е филот на тортата. Пандишпанот го сечеме на три еднакви дела и ставаме врз секој дел фил и покриваме со пандишпан и на крај ставаме шлаг крем или сами си матиме шлаг. Јас ја правев за сопругот поодамна тортава и се извинувам што немам пресек, но во брзо време повторно ке ја правам и ставам пресек обавезно. Како што се гледа на сликата мојата е во форма на срце, а формата ја добив многу лесно, на хартија за печење нацртав срце и после го сечев пандишпанот. Вие правете си ја класично така е полесно, а и не се фрла пандишпан.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови