Торта Карс
Тортава ја спремав за роденденот на син ми.
Најпрво се мати слатката павлака и се остава на страна.
Се загрева рерната на 180 степени.
Потоа се матат јајцата со шеќерот, се додава брашното, пецивото и растопеното чоколадо, се меша и се додава претходно изматената павлака. Смесата не е течна.
Се додаваат и искршените малинки (по желба).
Се истура во претходно намрсен сад.
Јас ја печев во силиконски сад во форма на бројот 3.
Се пече на 180 степени околу 1 час.
Додека се пече се поготвува ганашот
Слатката павлака се топли на тивок оган и се истура во претходно исецканото чоколадо. Се остава 2-3 минути и се промешува полека. Кога чоколадото е растопено се остава да се олади.
Испечената и изладена торта се премачкува со ганашот, се остава да се стегне и се покрива со фондан.
Јас направив пат во боите на Карс.
Се чува на собна температура и останува мека околу 3 дена.
Јас живеам во Франција и работам во слаткарница и фонданот што го имаме тука не се чува во фрижидер заради влагата.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови