Tортата еж на ливада јас направив за роденденот на мојата помала ќеркичка која наполни 2 годинки.
Прво правиме пандишпан.
Јајцата поделете ги на белки и жолчки. Белките изматете ги со шеќер до цврста маса.
Во друг сад изматете ги жолчките со ванила. Жолките сипете ги во белките, додајте брашно, какао, мелени ореви и пециво. Се' промешајте и ставете во округла тава бр. 28.
Печете на температурата 200 степени околу 25-30 минути.

За фил
Половина од млекото ставете го во тенџере да зоврие, во друга половина млеко додајте пудинг и шеќер измешајте и истурајте во зовриеното млеко и мешајте додека не загусне. На крај ставете коцки чоколадо за готвење.
Оставете да истине.
Истинатиот пудинг изматете со путер, по потреба додајте шеќер во прав. Додајте инстант кафе 3 во 1.
Желе бонбоните, банани и ресаните исечете ги на ситни коцки, додајте ги во филот.
Ролатот сечете го на парчиња околу 2 см.
Пандишпанот пресечете го на два круга.
Филување
Еден круг од пандишпан филувајте со филот, врз него наредете кругови од ролатот, врз ролатот пак филот и покријте со другиот пандишпан.
Ставете ја тортата во фрижидер да се стегне.
Во останатиот фил издробете бисквити и измешајте. Од ова смеса направете еж и јаболка со печурки кои ке ги ставиме врз ежот.
Чоколадото за готвење растопете го и направете боцки и очи за ежот. Ставете ги во замрзнувач.
Шлагот изматете го, ставете дел на страна и додајте во него зелена боја за премачкување тортата. На премачканата торта ставете еж и украсете го со шлаг. Наредете на ежот боцки и јаболка. На место на носот ставив едно топче грозје. Украсете по желба.