Во длабок сад се соединуваат гризот со 150 мл млеко и жолчките. Одкако убаво ќе се измешаат се додава преостанатото млеко и шеќерот. Сето тоа се вари на тивок оган додека да се згусне.
Потоа се остава да се олади.
Одкако ќе се излади се додава во изматен маргарин.
Филот се дели на два дела. Во едниот се додава 2 лаж. какао.

Одкако се подготвени филовите се започнува со филувањето на бисквитите.
Секоја бисквита се потопува во млеко и се редат,. Се редат по два реда бисквити една врз друга, по 4 во ред и 3 во колона. Треба да се наредат 12 бисквити и уште 12 врз првите. Врз нив се става од белиот фил, па пак се повторува постапката и пак со по две бисквити една врз друга. Се става и кафеавиот фил и пак врз него бисквити една врз друга.
На крај се соединува чоколадото со млекото и на тивок оган се додека се растопи чоколадото. Тортата се прелива со растопеното чоколадо, се става во ладилник да се стегне и потоа се сервира.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови