Најпрво се налева водата која треба да зоврие, се става сол по вкус и во неа се варат макароните.
За подготовка на сосот, прво се пропржуваат маринираните печурки, па во тавата се додаваат и виршлите исецкани на кругови. Откако виршлите ќе започнат да руменеат, во тавата се додава сенф по вкус.
Во сад настрана се става супата и се налева со 500мл ладна вода. Убаво се меша, за да нема грутчиња и се додава во тавата со печурки и виршли.
Откако ќе почне да врие и да се згуснува, во тавата се додава и павлаката и сето убаво се меша за да се изедначи.
На крај, макароните со помош на лажица- црпалка се истураат исто во тавата со сосот и се мешаат.

Кога се истура супата во тавата, се остава сосот да се згусне на средна температура, бидејќи во спротивно ќе се прават грутчиња од супата. Дополнителни зачини, не се потребни, затоа што во самата супа има зачини.

Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови