Тегнета пита со урда
Нема нешто повкусно од домашното припремено, секако по вкус и начин на кој секој од нас си обожава. Ние по дома си обожаваме тегнето, месено...посебно во овој период кога времето заладува.
Подготовката на оваа пита е на следниот начин -
Се замесува тесто (понамеко) од сите наведени состојки.
2. Веднаш го делиме на 7 топчиња, кои ги расукуваме во големина колку чинија, убаво ги намрсуваме со зејтин, ги покриваме со стреч фолија и ги оставаме да одморат барем пола час, па почнуваме со тегнење.
3. Секоја кора ја прскаме со зејтин, па ставаме насекаде урда и виткаме со помош на чаршафот.
4. Печеме на 250 степени.
Краевите јас ги отсекувам...па потоа од нив си правам други банички. Полнењето може да биде со мелено месо, праз, пица фил.... по желба. На здравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови