Тегнета баница со сув квасец
Подготовка:
1. Брашното го помешуваме со солта, а потоа го додаваме шеќерот и сувиот квасец.
Додаваме и зејтин, па постепено додаваме топла вода, да се замеси убаво средно тесто. Пишав 200 мл, но вие ќе видите колку ќе треба. Секое брашно е различно и прима различно вода. Измесете го убаво, па поделете го на 4 парчиња. Оставете парчињата да отстојат 10 минутки и пак премесете ги.
2. Тавата намачкајте ја со зејтин. Сплескајте ги малку топчињата и ставете ги во тавата. Превртете ги и на другата страна да се намрсат добро. Оставете уште 10 минутки покриени со кујнска крпа.
3. Растегнете го чаршавот на кој ќе работите. Вадете топче по топче и тегнете од средината, па нека оди кората до каде ќе оди. Попрскајте ја секоја кора со масло и ставете фил. Јас ставив сирење. Корите ги виткам полека со чаршавот и така спремните кори ги виткам како полжав во тавата каде ми лежеа топчињата. Постапката се повторува со сите топчиња.
4. Рерната е спремна и печам веднаш. Нека зарумени од двете страни и вадете ја тавата.
Попрскајте со малку водa и покријте ја со кујнска крпа. Нека одмори од печењето. После 5-6 минути, вадете од тавата и сечете. Имате преубава тегнета кора со квасец. Мека и преубава, се топи во устата.
Сервирајте со кисело млекo, павлака, кајмак.
Нека ви е слатко.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови