Тартуфи јајца
Се мислев деновиве што да направам да го израдувам малиот, а како што обожава чоколадни јајца, ова е вистинско задоволство за него.
Прво, путерот треба да е на собна температура.
1. Се миксаат путерот и двата вида на шеќер околу 3 минути, додека да се соединат добро.
2. Потоа се додава млекото и ванилата и се намалува миксерот на најслабо.
3. Се додава брашното и солта и се меша додека да добиете глатка смеса.
4. Тргнете го миксерот и ставете го корнфлексот и со лажица добро промешајте ја целата смеса.
5. Тестото се става во фрижидер околу 30 мин, додека да се стегне за да може да се формираат фигури.
6. Калапите за јајца ги покрив со стреч фолија, за да не морам да чекам во калапите да се стврдне смесата и потоа секој калап го полнев, ги формирав фигурите и веднаш ги редев на хартија за печење.
7. Наредените фигури се оставаат пак да се изладат добро најмалку 15 минути.
8. Во сад на пареа се топи чоколадото за готвење со зејтинот. Се зема една по една фигура, внимателно се вметнува стапчето во внатрешноста, па се потопуваат во растопеното чоколадо, се поросуваат веднаш со кокос/ мрвици или било што друго по ваша желба и се враќа повторно назад во фрижидер да се стврдне добро.
Совет
За поинтензивен вкус наместо ванила, може да додадете рум.
Едни ги правев со кокос, други со чоколадни трошки, трети со цели и со искршени бонбони и баш добро дојде разноликоста.
Лиценца: Сите права се задржани
Но, бидејќи не се печат, нели би било подобро место брашно да се стават на пример мелени бисквити или некои суви колачиња?