
Тава алисија
Овој рецепт го најдов на интернет и мислев дека е многу вкусен, а кога го направив се уверив во тоа. Во садот со меленото месо, го кршиме јајцето, посолуваме, наросуваме мелен црн бибер и мешан зачин и со раце ја месиме смесата.
Јајцата и компирите ги сецкаме на парчиња, ги ставаме во поголем длабок сад, посолуваме, наросуваме мелен црн бибер и мешан зачин и промешуваме. Намрсената тава за печење ја обложуваме со хартија, ја намрсуваме и хартијата и дното на тавата. Хартијата ја прекриваме со ленти сланина, а врз нив ја нанесуваме смесата од мелено месо и расплескуваме со раце.Врз меленото месо ги редиме парчињата сирење,а врз нив ги ставаме пиперките на кои им се отстранети рачките и семнките, посолуваме и наросуваме мелен црн бибер. Потоа во тавата ги додаваме парчињата компири и јајца и прекриваме со преостанатите ленти сланина. Попрскуваме со масло и печеме на темпертаура од 200 степени 60 мин.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови