
2
фев
2016
Стапчиња со сирење
Преубави солени стапчиња одлично мезе за со пиво. Многу брзо се прават и излегуваат доста парчиња од оваа доза.
Се ставаат во сад путерот, брашното, изматените со вилушка јајца, солта, водата, ренданото сирење и се меси со раце додека не се изедначи смесата. Откако ќе се добие убаво мазно тесто на набрашнета површина се сучи тенка кора, со нож се сечат правоаголници и се ставаат во намрсен плех. Се премачкуваат со изматена жолчка и се наросуваат со сусам. Се печат во загреана рерна на 220степени додека не поруменат 10-15мин.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови