Стапчиња
Во млекото ќе го додадете шеќерот,сувиот квасец, па ќе промешате убаво.
Потоа додајте го маслото,солта и јогуртот,па уште еднаш убаво промешајте.
Брашното и пецивото соединете ги и додај ги во садот.
Замесете лепливо тесто.
Оставете го да стои 30минути.
После 30 минути извадете го тестотот со набрашнети раце.Поделете го на 10 топчиња.
Оставете уште 5 минути да постојат.
Потоа наместете ја работната масаи рацете.Ставете топче и развлечете правоаголна кора.
Полека со прстите како на сликата подолу,виткаме во тенко стапче.
Ја повторуваме постапката со сите топчиња.
Оставаме да постојат 20минути во тавата,па ги премачкуваме со четка со вода.
Оставаме да се печат во загреана рерна.
После 10минути печење,ги вадиме од рерна и ги попрскуваме сопретходно разматено брашно со вода.
(2 лажици брашно со 6 лажици вода )
Повторно враќаме во рерна и печеме додека не заруменат.
Откако се печени ги премачкувамесо масло од двете страни, ги оставаме да постојат околу 10 минути покриени со крпа.
Стапчињата се меки и преубави.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови