Сочен чоколадиран колач со мед и јаболка
Оригиналниот рецепт е без какао, но јас го подобрив за да биде уште повкусен. Овој десерт се прави за 5 минути и се топи в уста. Мажот ми вели дека е еден од најдобрите кои сум ги направила. Многу е сочен и буквално ви ги задоволува сетилата за убаво и вкусно.
Се матат јајцата и се додаваат сите останати состојки. Се меша и се истура смесата во намрсено тавче број 28 или помало и се пече половина саат на 180 степени.
Додека се пече колачот, направете ја глазурата. Нека зовријат водата, какаото и шеќерот, на крајот додадете млеко и масло. Нека варат 10-15 минути дур не се згусни малку.
Откако ќе се испечи колачот, исечете го на коцки и потурете ја глазурата. Таа ќе навлезе измеѓу сеченото и ќе се впие во колачот. Нека се олади малку и колачот е спремен за послужување.
Извадете едно парче, а едно помало парче ставете одозгора. Декорирајте со шлаг, со вишна или по желба.