Солени цветови од сланина
Инспирирана од натпреварот, а запознаена со овој лесен и интересен рецепт, ја започнав неговата реализација.
Сара, мојата ќерка сакаше да поигрува со повеќе видови сланина пушена, сушена...па затоа оставив да ужива.
Калапите ги обложивме со тенко сечени лентички на сланина.
Исековме кругови од тост лепчето, па ги наредивме во средишниот дел.
Ги премачкавме со крем сирење.
Во некој ставивме јајце од прпелица, а во некој скршивме обично јајце.
Ви препорачувам ако правите како за мезе, да користите мали калапи за мафинки и да користите јајца од препелица.
Врз јајцето наросивме оригано и сол, па ги распрскавме насекаде оголените црни маслинки. Кашкавалот треба да е рендан, но ние ставивме цели парченца.
Рерната треба да ви е загреана, за веднаш сланинката да си фати коричка.
Оставете да си се испече јајцето, а кашкавалот да се распостеле по површината.
Стои дека овие состојки се доволни за 8 души, по една мафина.
Јас би рекла дека се за двајца. Топли слатки, со посакуваниот сос, не верувам дека ќе се доволно.
Печете на 200 степени додека не заруменат и јајцето не се испече.
Служете со омилениот сос или свеж зеленчук.
На здравје.