Солени плетенки
1. Во сад го ставаме квасецот заедно со околу 100 мл. млако млеко и
лажичката шеќер.
2. Во друг сад замесуваме тесто со - брашното, млекото, маслото и
солта и го додаваме растопениот квасец.
3. Месиме се додека добиеме мазно тесто кое не се лепи за садот.
4. Тестото го оставаме на топло, околу 20тина минути за да нарасне.
5. Во меѓувреме, ги делиме белките од жолчките. Белките убаво ги
матиме, па во садот каде што се белките ја додаваме павлаката и
сирењето и мешаме додека смесата добро се соедини. Жолчките ги тргаме
настрана.
6. Потоа, од тестото формираме 5 топчиња со еднаква големина.
7. Секое топче го расукуваме во вид на правоаголник (како што е
прикажано на сликата), по средината нанесуваме од подготвената смеса,
па врз неа кругови салама (по ваш избор).
8. Од страната го засекуваме тестото во вид на дијагонални ленти со
дебелина околу 1см. Ги преклопуваме наизменично од едната па од
другата страна.
9. Постапката ја повторуваме со сите топчиња. Па плетенките ги редиме
во намрснета тава.
10. Издвоените жолчки ги разредуваме со малку масло и ги матиме, па со
нив ги премачкуваме плетенките. Врз плетенките додаваме сусам.
11. Печеме околу 40 минути на 180 степени.
Инаку, доколку сакате слатка верзија, тогаш како фил можете да
употребите рендани јаболка со цимет, банани и слично.
Лиценца: Сите права се задржани