Чашата е од 125 мл. и истата ќе биде мерката за сите состојки

- Се кршат јајцата во подлабок сад, со вилушка лесно изматете ги, потоа додадете го јогуртот со пониска масленост. Измешајте со вилушката повторно да се спојат јајцата и јогуртот. Потоа додавате млекото и сончогледовото масло. Доколку се одлучите за маслиново масло тогаш е половина чаша.
Продолжете да ги мешате систе состојки. Откако се споиле состојките додавајте чаша по чаша од брашното притоа промешувајки, секако и по ваш вкус сол. Додадете ја ренданата тиквичка и доколку сте одлучиле да додадете морков, слободно додадете го и него исто така рендан. Тие се рендаат на крупната страна од рендето. Сирењето или кашкавалот исто така додадете, добро промешајте и на крај додадете го пецивото. Пак добро промешајте и добиената смеса истурете во модла бр. 24 постелена со хартија за печење или добро подмачкана и побрашнета. Израмнете одозгора и декорирајте со ленти од тиквичката, морковот.. додадете чери доматче, или како сакате вие.
- Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 190 степени околу 40-45 мин.
- Се служи потполно изладена.
Напомена
- Во оваа солена пита можете да додадете и грашок доколку сакате.
- Ја правев и со кашкавал и со сирење. Моите претпочитаат да е со сирење, а на мене ми се допага и со кашкавал и со сирење.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани