Сок од цвекло, морков и лимон
Ова ни е омилениот сок дома. Ќерка ми посебно го сака па во зима често го спремам.
Цвеклото се лупи и се ренда. Морковите се чистат и тие се рендаат. Лимоните се киснат 15мин во вода со сода бикарбона, а потоа се мелат низ машина или се рендаат(предходно подзамрзнати)
Се ставаат цвеклото, морковите и лимоните во поголем сад, се додава 5литри вода, се покриваат и се оставаат да стојат 24часа. По 24 часа се процедува течноста низ стерилна газа и се додава 1кг шекер (или повеќе-помалку по ваш вкус) и половина лимонтус.
Се остава уште 2-3 часа мешајки повремено додека не се стопи шеќерот. Кога потполно ќе се стопи шеќерот се собира во шишиња и се чува во фрижидер (стои околу 7 дена). На истиот начин правам и сируп за растворање на 1л течност додавам 1кг шеќер и 500гр вкупно цвекло, морков и лимон и лимонтус по желба.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Мала е Македонија, Диана, а покрај супер домаќинки Битолчанки со кои сме пријателки се дознаваат вакви основни податоци:)