Ептен лесно и брзо благо, коешто може да го приготвите со кое било друго чоколатце, не мора да е сникерс.

Сникерс чоколатцата најпрво преполовете ги, потоа растопете ги на пареа. Не мора целосно да се стопат, бидејќи ситните не растопени состојки даваат убава текстура.
Карамелизирајте го шеќерот, тргнете го на страна, додајте му ја внимателно слатката павлака, вратете го на оган, потоа додадете го сникерсот и сето заедно убаво да се соедини, да се добие убава смеса.
Ставете во тањирчиња и оставете да ги прво да се оладат на собна температура, а подоцна неколку часа во фрижидер.

Јас искрено ставив повеќе сникерс од тоа што го пишав во состојките и ми излегоа поблаги, па затоа малку ги „неутрализирав“ со смеса од шлаг.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови