Кога имате дома мало дете постојано е предизвик, да најдете начин да го натерате да јади нешто, што е и случај кај мене дома, еххе
Заради тоа си правиме ние вакви мини сендвичиња со американски палачинки.
Сите состојки ги мешаме додека не ја добиеме потребната густина на смесата.
Јас овие малечки форми ги правам со шишенце пластично малецко кое има отвор на капачето.
Во тавата за палачинки правам по 5-6 малечки и брзо се готови сите.
Откако се готови ги премачкувам со еурокрем ставаме сецкани банани и нашите сенвичиња се готови .
Не е нешто сложено или тешко, а децата ќе уживаат.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови