Пилешкиот стек се вари и од како ќе биде добро сварен се сецка на коцки.
Потоа се става во длабок сад во којшто ќе се меша целата салата.
Во месото се додава пченката, јас користев пченка од конзерва.
Во сето тоа се става исецкан кромид на кругови и се додаваат исецкани палачинки, кои што ги подготвив од рецептот што го имам објавено тука. Во садот се додава малку сол и бибер по вкус и исецкан магдонос. Сето тоа добро се меша и се додава мајонезот.
Доколку некој не сака мајонез има и друга вкусна варијанта, односно мајонезот се заменува со павлака.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови