Во брашното се додаваат квасецот, шеќерот, солта и водтаа. Се замесува средно накај тврдо тесто. Се додава изблендираното цвекло.Јас користев од тегла.
Тестото се остава да отстои 30 мин. Потоа се сече на топчиња, кои ги размесуваме како плоснати крукчиња. Истите ги редиме едно покрај друго. Додаваме и брашно да не лепат. Јас користев 4 и на крај едно вртиме во ролниче и почнуваме да замотуваме. Добиеното ролниче го сечеме на две. Долниот дел го залепуваме со прстите.
Врвовите на ружичките ги отвораме малку.
Се подмачкуваат со масло од доланата страна за да не лепат во садот/решетката за пареа и се ставаат на пареа. Јас ги оставив 20 мин. Во зависност од садот на пареа и големината на ружичките, може ќе треба помалку или повеќе време.
Совет: Внимавајте однадвор ќе ви изгледаат готови, ама бидејќи има повеќе слоеви може внатрешниот дел да е живо тесто.
Кинезите овие ги нарекуваат мантоу, нешто најблиску до наш леб што имаше за појадок таму. Секако не ги прават вака љубовно и розеви, ова беше викенд инспирација. Меѓутоа имаат и тие разни форми.
Мене ми е вкусно лепчето на пареа, додека за некои може да има вкус на кој не се навикнати.
Може да си направите помала доза, секако за проба.
Со некој сос од павлака, варени јајца, сирење, ќе уживате во вкусен појадок.
На здравје.