Изгмечете го во еден сад фета сирењето, додадете ја павлаката, измешајте да се соедини, па додајте ги јајцата промешајте да се изгубат во смесата и на крај додајте го маслото. Мешајте да добиете кремаста смеса.
Корите сечете ги на пола и секоја половинка на едниот крај намачкајте ја со кремот (околу 1 полна лажица е доволно) преклопете до средина и виткајте до другиот крај. На другиот крај со кујнска четка намачкајте малку од крем смесата да се залепи кората. Наредете ги во плех, па ставете ги во замрзнувач да стојат 30 - 40 минути. Потоа пржете ги дирекно во врел зејтин, по 2- 3 минути и ставете ги во плех со салфетка, да се впие вишокот маснотија.

П.С. Рецептава ја најдов на интернет и откако ја пробав се воодушевив. Не го менувајте фета сирењето со друго, бидејќи е кремасто, а смесата треба да биде таква, за да се мачка и да нема грутки внатре. И не го прескокнувајте стоењето во фрижидер. Поубаво се пржат кога се полузамрзнати.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови