Ролат со готови кори
На загреано масло се пржи сецканиот праз. Се додаваат сецканите суви пиперки, се пропржува и се трга од оган.
Се зачинува, па се додаваат урдата, јајцето, пецивото.
Во еден сад ги соединуваме киселата вода и маслото и ги додаваме кон претходно подготвената смеса.
Промешуваме.
Земаме една кора, ставаме 1-2 лажици од филот, повторно кора, па фил.
Постапката е иста додека го потрошиме целиот материјал.
Завиткуваме ролат и го ставаме во плех,
Одозгора го премачкуваме со кисело млеко и нанесуваме чурек.
Печеме во загреана рерна на 200 степени околу 25 минути, односно додека не зарумени.
Оставаме малку да се подизлади, па сечеме парчиња и сервираме.
Совет- доколку користите друг фил, на пример кисело млеко, сирење и јајца,или варена тиква и јајца, тогаш ставете 80 мл масло.
Лиценца: Сите права се задржани