Квасецот се дроби на ситни парченца.
Маслото и млекото кое претходно го затопливме се помешуваат и се додаваат во квасецот.
Се промешува со дрвена лажица додека не се растопи квасецот.
Пополека додаваме од брашното во кое ставивме сол.
Замесуваме меко тесто.
Пишав 360 до 400 гр брашно. Зависи какво е брашното што го користите.
Се меси убаво меко тесто, па се дели на 10 топчиња.
Се расукува секое топче и се сече на 4 дела.
Од секој дел се витка рокчето.
Готовите рокчиња се редат на подмачкан плех со путер и врз секое рокче се става по малку путер.
Се премачкуваат со жолчка и се попрскуваат со ким или сусам.
Печете во загреана рерна додека не заруменат.
На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови