1. Нишестето, млекото ( 500 мл) и шеќерот ги вариме додека се згустне и оставаме да се излади.
2. Шеќерот во прав го матиме до миксер заедно со 125 г путер во пенлива смеса.
3. Во изладеното нишесте го додаваме путерот, потоа го додаваме кокосот и ги промешуваме.
4. Останатиот путер, 50 г чоколадото, и 50 мл млекото се топиме на тих оган. Потоа ги додаваме оревите, бисквитите и изренданата кора од портокал и смесата од нишестето и кокос и убаво ги промешуваме.
5. Од добиената смеса формираме правоаголна форма. Потоа ставаме ресана-бисквити и тоа 4 парчиња во должина и 2 во ширина. Врз нив ставаме повторно смесата. На крај премачкуваме со растопено чоколадо.

Ресаната - колачи подобро да отстојат во фрижидер 1-2 часа.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани